Петрушевски: Трошоците за храна и пијалоци се намалени за 1000 денари, мерките на владата за намалување на цените даваат резултат

 

Трошоците за храна и пијалоци се намалени за 1000 денари, мерките на владата за намалување на цените даваат резултат, велат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеникот Бране Петрушевски на прес-конференција во партиското седиште кажа дека граѓаните не се оставени на цедило.

-Синдикалната минимална кошница, која ја пресметува Сојузот на синдикати на Македонија јасно покажува дека трошоците за храна и пијалоци за едно четири члено семејство во октомври во споредба со септември оваа година се намалени за 1000 денари. Поголем доказ од ова дека мерките на владата даваат плод нема. Граѓаните не се оставени на цедило. Владата презема реални мерки за зачувување и зголемување на животниот стандард. Растат пензиите, платите, се подобрува бизнис климата. Народот има партнер во владата, која работи за него, а не против него, рече Петрушевски.

Според него, економската транформација, што е владина цел, е почната.

-Инфлацијата е помеѓу  2 и 2.5%, за време на СДС таа беше двоцифрена. Македонија се движи забрзано напред.  Економската трансформација која е наша цел почнува. Куповната моќ на народот се зголемува и економијата расте. Неспособноста заврши со СДС и ДУИ, рече Петрушевски.

 

27.10.2024 - 12:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега