Тинејџер избоден со нож - полицијата приведе малолетник

 

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР - Скопје, синоќа околу 20 часот на подрачјето на Карпош, привеле малолетник од скопско, постапувајќи по претходна пријава од Р.Т. , на возраст од 19 години од скопско. Според пријавата, околу 19:35 часот на автобуска постојка на територија на Карпош, две лица го нападнале и му била нанесена повреда со остар предмет, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.

- Кај малолетникот бил пронајден и одземен нож, извршен бил службен разговор во полициската станица - Карпош, во присуство на родител, при што малолетникот го појаснил начинот на извршување на кривичното дело, појаснуваат од МВР.

По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

26.10.2024 - 16:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега