Перински: Град Скопје е загрозен на сите основи, најголеми грижи предизвикуваат милионските долгови

 

Во најновото издание на „Стадион“ на Канал 77 гостуваат министерот за локална самоуправа, Златко Перински, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски и градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов. Овојпат пат соговорниците на маса имаат тема за дебата – „Локална сaмоуправа или партиска управа“.

Перински уверува дека политиката нема никаква улога во функционирањето на локалните самоуправи, потенцирајќи дека општините во Македонија досега имаат историски најголем инвестициски циклус, откако имаа шанса да конкурираат за реализација на капитални проекти.

Според него, Град Скопје во овој момент речиси и да нефункционира, бидејќи постојат проблеми кои се провлекуваат веќе неколку години во низа, а најголеми грижи предизвикуваат милионските долгови.

-Нормалното функционирање на Град Скопје е загрозено на сите основи, веќе следната година ќе бидат неопходни итни системски решенија со цел неутрализирање на проблемите. Жал ми е што сме доведени во ситуација градот Скопје да не може сам да си ги сервисира обврските. Ова не е проблем кој што е настанат од вчера и не е настанат откако оваа Влада стапи на функција, туку е проблем за кој говоревме многу подолго време во јавноста дека ќе се случува. Загрижен сум што во моментов обврските на градот Скопје кон добавувачите се околу 8 милиони евра, а неофицијални информации ми потврдуваат дека Водовод и канализација должи околу 15 милиони евра, Комунална хигиена околу 6 милиони евра, Улици и патишта 3,5 до 4 милиони евра. 

Перински уште еднаш истакна дека општините на кои не им беа одобрени првичните апликации, ќе имаат нова шанса на вториот повик кој ќе биде објавен во јануари 2024 година.

26.10.2024 - 11:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа