Хорор вечерва во Скопје: Дете избоде тинејџер

 

Во автобус на еден од приватните превозници, вечерва бил пронајден млад скопјанец кој бил прободен со остар предмет, дознава 24инфо.мк

18-годишниот скопјанец бил нападнат од две лица на постојката кај трговскиот центар Сити мол.

За кратко време по нападот, полицијата уапсила едно малолетно лице на возраст од 15 години кој признал дека го сторил делото.

Повредениот скопјанец е задржан на скопските клиники, а напаѓачот е задржан во полициска станица.

26.10.2024 - 00:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега