Уапсен измамник од Валандово баран со три потерници - ќе лежи две години и шест месеци во затвор

 

Вчера во 16.00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Ѓ.П.(57) од Валандово, кој бил баран по три централни потерници врз основа на судски наредби за издржување вкупна казна затвор од две години и шест месеци за сторени кривични дела „измама“.

Исто така, лицето било барано и по неколку локални расписи, исто така, поради сомнение за извршени кривични дела „измама“.

Ѓ.П. бил спроведен во Казнено - поправната установа Затвор Гевгелија за издржување на затворската казна.  

 

25.10.2024 - 13:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега