Мистериозна смрт на четири бебиња во Грција - 24-годишна жена во центарот на истрагата

 


Мистериозната смрт на четири бебиња во Амалијада, Грција, сериозно ја вознемири јавноста, особено откако се дозна дека во моментот на сите четири трагедии била присутна истата 24-годишна девојка. Две од починатите бебиња биле нејзини, а две на нејзини пријателки.

Сè започнало на 19 јуни 2022 година, кога под сомнителни околности починало новороденче, кое имало 19 дена. Станува збор за бебето на осомничената девојка.

Следниот сомнителен инцидент се случил на 17 јуни 2023 година, кога починала нејзината втора ќерка, која имала само два месеци. А потоа, на 5 август 2024 година, се случила уште една трагедија кога починало 15-месечно момче, син на нејзината пријателка. Во меѓувреме, се дознало дека уште едно бебе на втора пријателка на осомничената, починало во 2021 година.

Откриено е дека пред десет години животот го загубила и сестрата на осомничената, која ненадејно починала кога имала само неколку месеци, а причината за смртта никогаш не била откриена.

Организацијата „Насмевка на детето“, наведува дека „24-годишната жена очигледно уште од детството била во лоша семејна средина“.

Информирани се сите органи на прогонот и обвинителството, додаваат оттаму.

Ниту едно од четирите деца немало траги на злоставување на телото.

Отворена е истрага.

25.10.2024 - 10:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега