Три млади лица од Сарај кривично ќе одговарат - полицијата ги фати со дрога
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.М.(27), Р.Б.(23), двајцата од с. Копаница, општина Сарај и Н.Ф.(26) од с.Бојане, општина Сарај, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги“.
На 11.09.2024 на регионалниот пат Тетово - Јажинце, кај с. Доброште, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „фолксваген голф“, управуван од Ј.М., а сопатници биле Р.Б., Н.Ф. и уште едно лице од Скопје, при што кај тројцата пријавени и во возилото била пронајдена марихуана и било утврдено дека Ј.М. и овозможил во возилото да користат марихуана.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа