Орбан ја обвинува ЕУ дека се обидува да го собори неговиот кабинет

 

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска ја обвини Европската комисија дека се обидува да го собори неговиот кабинет и да воспостави „марионетска влада“ во Будимпешта.

Орбан рече дека неговата суверена политика во однос на војната во Украина и миграцијата е неприфатлива за Брисел.

pastedGraphic.png-Сакаат да не принудат на војна во Украина, да ни ги наметнат своите мигранти и да ги предадат нашите деца на нивните активисти – рече Орбан.

Тој го обвини лидерот на опозициската партија Тис, Петер Маѓар, дека „ги поканил странците да му помогнат против Унгарците“.

Парламентарните избори во Унгарија треба да се одржат на почетокот на 2026 година, наведува Ројтерс.

 

23.10.2024 - 14:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега