Јотовски потклекна уште во 1 коло на тенискиот турнир во Истанбул

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски го загуби мечот во 1.коло на фјучрс турнирот во Истанбул (сала, тврда подлога) што се игра за награден фонд од 10.000 американски долари.

Поуспешен од Македонецот беше Французинот Максим Аму (874.место на АТП) со 2:0 во сетови. Двата сета противникот ги доби со 6:3 и 7:5 во гемови.

Ова за Јотовски беше последен настап во 2013 година, која ќе ја заврши на 814.место што воедно е негов најдобар ранг.

Од македонските тенисери подобар пласман на АТП листата има само Димитар Грабул, кој се наоѓа на 538.место. 

24.12.2013 - 16:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега