Серија апсења на повеќе локации во Македонија - приведени 14 лица
Во текот на вчерашниот и денешниот ден се апсеше на повеќе локации во државава при што приведени се 14 лица.
Денеска во 02.00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.М.(20) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска во 00.50 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Л.Ќ.(19) од Швајцарија, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Вчера во 22.50 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.К.(18) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Вчера во 22.30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Б.(33) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Вчера во 21.30 часот во Скопје, на подрачјето на Драчево, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.С.(39) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Вчера во 21.30 часот во Скопје, на подрачјето на Драчево, полициски службеници од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода А.Б.(29) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Вчера во 20.15 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.П.(21) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Вчера во 11.00 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Б.Н.(70) од Република Турција поради тоа што при извршени проверки било констатирано дека за патничко возило „мерцедес бенз“ и приколка „кандил“ со турски национални ознаки приложил фалсификувани зелени карти. Тој бил предаден на полициски службеници во СВР Куманово за понатамошна постапка.
Вчера во 17.20 часот на Граничниот премин Богородица, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода И.С.(39) од Русија, кој управувал патничко возило „бмв х5“ со грчки национални ознаки, поради тоа што при извршени проверки било констатирано дека при контролата приложил фалсификувана возачка дозвола. Тој бил предаден во Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Гевгелија за понатамошна постапка.
Вчера во 17.00 часот во Скопје на подрачјето на Карпош полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле С.Ш.(25) од Скопје, затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Вчера во 17.15 часот во Делчево, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево го лишиле од слобода А.М.(26) од Делчево, затоа што при извршен претрес во неговиот дом со судска наредба биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага и други предмети. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Вчера во 13 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Гевгелија го лишиле од слобода С.В.(28) од Гевгелија. При претрес на две локации во Гевгелија кои ги користи лицето, по дадена судска наредба, биле пронајдени марихуана и предмет со остатоци од растителна материја. Лицето било задржано во Полициската станица Гевгелија, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Вчера во 22.30 часот на улица ,,Браќа Миладинови“ во Тетово полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.Б.(29) од Тетово, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
Вчера во 15.20 часот полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле А.К.(43) од с. Леуново, кој бил баран со потерница по судска наредба за издржување на затворска казна за сторено кривично дело ,,нелегално производство и пуштање во промет на наркотични средства, психотропни супстанции и прекурсори“ казниво по член 215 од КЗ. А.К. е предаден во затворот во Тетово за издржување на казната.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа