Талески: Власта оддели само 65 милиони евра за општините а најавуваше 250 милони
Иако помпезно се највуваа 250 милиони евра поддршка за општините од страна на власта, гледаме дека се доделени само 65 милиони евра, изјави на денешната шрес-конференција Миле Талески, пратеник од редовите на СДСМ.
„Значи ниту најавените 250 милиони евра поддршка на општините ќе се релиаизра ниту пак 100 милиони за до крај на оваа година.
Се покажа дека ова е уште една лага на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, уште едно разочарување и неисполнето ветување“, посочи Талески.
17.10.2024 - 13:02
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа