Прегазена жена во Тетово - итно пренесена во болница

 


Вчера околу 08.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Тетово - с.Волковија, во с.Брвеница, тетовско, патничко возило „бмв“ со швајцарски национални ознаки, управувано од Б.Ф.(62) од с.Челопек, удрило во пешакот К.Ј.(68) од с.Брвеница.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила К.Ј., констатирани во Клиничка болница Тетово.

Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.

17.10.2024 - 12:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега