Подгответе се: Утре ќе нема струја во повеќе скопски општини

 


Поради планирани прекини во електроснабдувањето, утре без електрична енергија ќе бидат корисници од општините Илинден, Сопиште, Чаир, информираат утрово од Регионалниот центар за управување со кризи - Скопје.

Од осум до 15 часот, без струја ќе бидат „Пјурели плант“, „фотоволтаци Нордик“, „Еуровиа“, „Енерџи груп“ во индустриска зона Чојлиа, општина Илинден.

Од 8:30 до 11:30 часот,  дел од корисниците од улиците „Крсте Асенов“, „Добри Даскалов“, дел од булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во општина Чаир. Додека, од 11:30 до 14:30 часот, дел од корисниците од улиците „Ресенска“, „Втора македонска бригада“, „Кемал Сејфула“.

Од девет до 15 часот пак, дел од корисниците од село Сопиште - улицата „134“ кај гробиштата. 

16.10.2024 - 09:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега