ФОТО од местото на несреќата: Автомобил се преврте на кров

 

Како што информиравме претходно вечерва, тешка сообраќајка се случи кај мост Гоце Делчев. Автомобилот е целосно превртен на кров. Искршени стакла од прозорците се насекаде на коловозот. 

Екипите се на терен, а во овој дел од градот сообраќајот се одвива потешко. 

Прес24 го контактираше министерството за внатрешни работи за подетални информации со оваа сообраќајна несреќа. Повеќе информации за евентуални повредени или мртви лица ќе споделиме во текот на вечерта.

15.10.2024 - 21:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега