Охриѓанец ќе одговара затоа што продал автомобил без број на шасија

 

„На 6 август 2024, лице од Злетово пријавило дека по склучен договор кај нотар за купопродажба на возило тојота, сопственост на пријавениот, започнал постапка за промена на регистарските таблички во станица за технички преглед, при што било констатитирано дека возилото нема број на шасија“, информираа од МВР.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против О.Л. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело измама, се наведува во билтенот на МВР.

14.10.2024 - 18:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега