„Црвенковски да остане на чело на СДСМ“

 

 

Социјалдемократите бараат Црвенковски да остане на чело на партијата. Пред седницата на Извршниот одбор на која треба да се соберат сите кандидатури, податоците кои пристигнуваат од Бихаќка велат дека Црвенковски е единствен кандидат на една четвртина од општинскиет одбори, а кај останатите, неговото име се наоѓа во пакет со имињата на веќе профилираните кандидати. 
 
Кире Наумов досега добил кандидатура од 10-тина општински органзиациии. 
 
Црвенковски ќе биде кандидиран и од иницијативниот одбор за негова поддршка кој според последните инфромации собрал над 15.000 потписи. Овој одбор ќе бара да се обрати и на партискиот конгрес, но извори на 24 Вести од партијата велат дека тоа нема да биде дозволено.

Од партијата брифираат дека Црвенковски во повеќе нарати на седниците на партиските тела потврдил дека нема да прифати кандидатура, но тоа не сакал да го каже јавно пред медиумите, иако некои членови на партијата тоа го побарале од него.

Конгресот на СДСМ е закажан за 2 јуни. За избор на претседател на СДСМ ќе гласаат 705 делегати

 

најчитано сега