Таравари: Имаме готов закон наместо „балансерот“ - чекаме договор
Имаме нов закон кој ќе биде замена за балансерот, вели денеска еден од предводниците на коалицијата Вреди и министер за здравство, Арбен Таравари.
„Проблеми кои што седат во Уставен суд со години, 4-5 години, ете Уставниот суд одлучи за 100 дена влада да ги извади сите на површина.
Како и да е, тоа се проблеми кои треба да се решат, јас мислам дека етничката припадност е веќе уставна категорија се надевам дека набргу ќе има нов закон, кога е уставна категорија, треба да има закон, нов закон со кој ќе се предвиди застапеност, не само етничка, туку на сите категории на луѓе кои што живеат во државата, да имаат правична застапеност во институциите на системот, во институциите на државата. Законот е готов од наша страна, очекуваме и мислења кои што доаѓаат од меѓународни експерти, од Европската комисија и се надевам дека набргу овој закон ќе го процесираме во Собранието“ – рече Таравари
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа