Се запали автомобил во движење во Охрид

 


Вчера во 15.20 часот во СВР Охрид е пријавено дека на булевар „Туристичка“ во Охрид, настанал пожар во возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, во движење, управувано од Б.Т.(69) од селото Злести, општина Дебрца.

Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.

08.10.2024 - 14:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега