Изборната трката се заострува: Обама се приклучува на кампањата на Харис


Поранешниот американски претседател Барак Обама ќе се приклучи на кампањата на потпретседателката Камала Харис во последните недели пред изборите. Според Вашингтон Пост, Обама ќе започне со активно ангажирање на терен со посета на Питсбург следниот четврток.

Оваа вест доаѓа по јавната поддршка што Обама и неговата сопруга Мишел ја дадоа на Харис уште во јули. На Демократската национална конвенција, Обама со ентузијазам ја претстави Харис како идеалниот кандидат за да ја води Америка кон подобра иднина.

Со своето големо политичко искуство и популарност, Обама се очекува да биде значаен поттик за кампањата на Харис, особено во клучните држави како што е Пенсилванија.

04.10.2024 - 15:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега