Рејмонд Ибрахим: Христијаните покрај арапските ги напуштаат и европските земји

 

- Христијаните денеска во светот се изложени на најтешки репресии и разни напади од муслиманите, но за тоа многу ретко се известува, пишува американскиот аналитичар Џон Хиндерејкер на интернет-страницата „Повер лајн“ (Power line).

Хиндерејкер наведува дека писателот Рејмонд Ибрахим во својата книга „Повторно распнати - излагање на новата исламска војна против христијаните“ се обидува да го насочи вниманието на светот на катастрофата, со која се соочуваат христијаните во земјите со мнозинско муслиманско население.

Авторот на книгата истакнува дека христијаните ја напуштаат дури и „европска Босна и Херцеговина по се поголемата дискриминација и исламизација“.

Ибрахим во книгата истакнува дека „муслиманската војна против христијанството не е ограничена само на арапските држави или Блискиот Исток туку и во Африка и во европските држави. По исламистичкиот пуч во Мали, од земјата побегнале до 200.000 христијани, а забележани се и други злосторства“.

најчитано сега