Крмов: Ако почне Русија сѐ повеќе да победува на фронтот, притисокот ќе почне да се зголемува и тука


„Значи, вие треба да оставите пишан траг од таа држава секаде каде што можете, максимално да го користите, еве, на среден рок и Преспанскиот договор, ако ви дозволува да користите македонско, македонски, македонска ит .н., а не да менувате Македонски шуми во Национални шуми. И тогаш да вршите притисок Грција да си ги исполни обврските, па во одреден период ако е подготвен теренот, да пристапиме кон враќање на името, рече пратеникот од редовите на ЛЕВИЦА, Борислав КРМОВ, во ,,Што мисли народот?" на ТВ Стар..

„Немале никаков план, планот бил да викаме Македонија и на тој план веднаш реагираа со притисок. Притисокот за ,,Бугари во Устав" не е толку голем, што не значи дека нема да стане, особено според тоа како се развива ситуацијата во Украина.

Ако почне Русија сѐ повеќе да победува на фронтот, ако е како што е во моментот, не знам дали следите, притисокот ќе почне да се зголемува тука. Да се ставиме во крпче, воено во НАТО и економски во ЕУ, за да не може да мрдаме или што помалку може да мрдаме.“, посочи Крмов.

03.10.2024 - 10:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега