Драма на Меџитлија: Претпоставен од гранична полиција натепал полицаец
Инцидент се случил утрово на граничен премин Меџитлија на македонско-грчката граница кога претпоставен од граничната полиција наводно физички и вербално нападнал вработен полицаец. Според наши извори инцидентот се случил околу 8 часот кога се менувала смената, а причината за инцидентот засега е непозната. Нападнатиот полицаец после 10 часот побарал лекарска помош во Клиничката болница во Битола вознемирен и повреден од физички напад. Но, подоцна и неговиот претпоставен побарал да го прегледа лекар.
Од Клиничката болница Битола го потврдуваат случајот и за медиумот велат дека – „имало вербална расправија со поттурнување и констатирана вознемиреност“ , но велат дека и двајцата и граничниот полицаец и неговиот претпоставен побарале лекарски преглед.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа