ФОТО: Што се запали во Чаир за да дими 10 часа ?

 

Голем пожар утрово избувнал во зграда во скопската населба Чаир. Според информациите на ЦУК, еден пожарникар бил однесен на Токсикологија поради големо количество вдишан чад.

Од Центарот за управување со кризи пренесуваат дека според информациите на Територијална противпожарна бригада на Град Скопје во периодот од 01:50 часот гаснеле запален магацин на неутврдена површина на улица „Прохор Пчински“ во Скопје. 

- Интервенцијата ја извршувале со 7 возила и 20 пожарникари. На лице место освен единици од БППЗ кои ко гасат пожарот биле и полиција и Итна медицинска помош. Според утринскиот службен извештај од БППЗ, еден пожарникар бил однесен на токсикологија поради големо количество вдишан чад (Општина Чаир), стои во соопштението од ЦУК.

Дополнуваат дека во тек е интервенција за евакуација на станарите на зградата каде што е магацинот, а каде што потоа гореле и дуќани. 

- БППЗ на Град Скопје сѐ уште интервенира ги извлекува станарите, во моментот на информирањево, и по интервенцијата ќе излезе со официјални податоци, дополнуваат од ЦУК

 

Над 30 лица во болница по пожарот во Чаир - над 80 евакуирани од покривот

ФОТО: И полицец меѓу повредените во пожарот во Чаир - луѓе со саати се криеле на покривот

Евакуација во Чаир по пожарот - пожарникар во болница

02.10.2024 - 11:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега