Филипче: За 100 дена ВМРО-ДПМНЕ улиците станаа небезбедни каде убиствата се секојдневие

Првиот човек на СДСМ, Венко Филипче во обраќањето со осврт за 100 дена нова Влада рече дека откако ВМРО-ДПМНЕ ја презела власта, улиците станале небезбедни.

-За 100 дена ВМРО-ДПМНЕ улиците станаа небезбедни каде убиствата, разбојништвата и нападите се секојдневние. Десетици нерасчистени убиства има само откако Тошковски е министер за внатрешни работи. Во полицијата наместо професионализација имаме партизација со насилници и криминалци. Телохранители на Мицкоски кои тепаа полицајци станаа команданти, а лица со криминално минато се поставуваат за директори, безбедносните служби целосно се криминализираа, рече Филипче.

Вели, за 100 дена во виталните институции има партизација, а со тоа и загрозување на безбедноста на косовската граница.

-Партиски кадри на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН ја третираат државната граница како приватен премин. Никој не контролира што и кој влегува или излегува од Блаце, рече Филипче.

Вели дека во првите месеци од новата Влада не видовме ниту еден конкретен проект или реформа во интерес на граѓаните. 

01.10.2024 - 14:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега