„Достоинствен живот за сите граѓани 2013“

Во Скопје денеска ќе се одржи конференција „Достоинствен живот за сите граѓани 2013“ за лицата кои живеат во сиромаштија и социјална исклученост со цел да се обезбеди демократска дебата помеѓу засегантите страни и активно вклучување на сиромашните и социјално исклучени лица во процесот на донесување на одлуки.

Пред учесниците на собирот ќе биде ревидирана и втората Декларација на сиромашни и социјално исклучени лица донесена во 2012 година, која беше испратена до Влада на Република Македонија. На конференцијата ќе биде донесена и нова трета Декларација на сиромашни и социјално ислкучени лица која ќе биде пратена до Собранието на Република Македонија. 

24.12.2013 - 09:22
Фото: 
Плусинфо

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега