Томовски: Ќе го измениме законот за обоени таблици на службените возила
Директорот на СОРЗ, Ивица Томовски преку социјалните мрежи информираше дека денес остварил координативна средба со претставници на кабинетот на претседателот на Влада, кабинетот на министерот за добро владеење, министерство за финансии, министерство за внатрешни работии министерството за енергетика и рударство, за поставување на обоени таблички на службените возила за да нема злоупотреба со користењето на истите за приватни цели на функционерите.
„Носиме решенија за единствен регистар на возила и истите да добијат соодветни таблици, односно таблици во боја како службените возила лесно би се идентификувале. За тоа е потребна и интервенција во законот која ќе биде направена. Целта е да се направи полесно следење на употребата на службените ресурси и да се зголеми транспарентноста при користењето на заедничките добра, како и воспоставување на механизам за заштита од можна злоупотреба.
Нема повеќе злоупотреба на службени возила за приватни цели“, напиша Томовски на ФБ.
30.09.2024 - 17:09
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа