МНР нема информации за Македонци во Либан
До овој момент нема наши државјани кои се обратиле до Министерството за надворешни работи за помош или за евакуација од Либан, ниту е пристигнато известување дека наши државјани се наоѓаат во Либан, објави Плусинфо, повикувајќи се на одговор од Министерството за надворешни.
„Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ги стави сите свои капацитети за асистенција на нашите државјани преку 24 часовниот СОС дежурен телефон на МНР +389 75 268 736 (меил адреса: globalsos@mfa.gov.mk). Поради влошенета безбедносна ситуација во Либан, МНР во неколку наврати ги повика сите наши државјани кои се наоѓаат во оваа држава да ја напуштат во прва можна прилика и апелираше да се одложат сите патувања кон оваа држава, кои не се неопходни“, велат оттаму.
Досега над 100.000 Либанци ја напуштија земјата поради воздушните напади на израелската војка која ги гаѓа позициите на Хезболах во јужен Либан и во главниот град Бејрут
Повеќе држави организираат авионска евакуација за своите државјани, а некои ги повлекоа и амбасадорите и другиот персонал од дипломатските претставништва.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа