Ковачев за понудената помош од Орбан: Нема потреба од посредници во спорот со Бугарија

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев противник на идејата на унгарскиот премиер, Виктор Орбан да посредува во спорот меѓу Скопје и Софија. 

Вели, нема да се укине единствената преговарачка рамка.

Ковачев потсети дека тогашниот премиер Никола Груевски избегал во Унгарија, а голем дел од македонските медиуми биле во „рацете на Унгарците“, и воопшто не се пријателско расположени кон Бугарија.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан за време на посетата на Охрид, кажа дека е подготвен неговата земја да биде посредник во односите помеѓу Бугарија и Северна Македонија.

„Нема потреба од посредници. Главната теза на македонските власти е дека „европскиот пат е блокиран од Софија и дека Бугарите се лоши и се виновни за се“, рече Ковачев.

30.09.2024 - 12:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега