Тешка сообраќајна несреќа во Куманово: Малолетник на велосипед тешко повреден


Вчера во 16.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локален пат во с.Липково, кумановско, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.Џ.(28), удрило во велосипед управуван од малолетник, двајцата од с.Липково.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општата болница Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

30.09.2024 - 11:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега