Цирих: Млада велосипедистка почина по тежок пад

 

Младата швајцарска велосипедистка Муриел Фурер (18) почина денеска во болница во Цирих, ден откако доживеа тежок пад на јуниорското Светското првенство во Цирих, соопштија од Меѓународната велосипедска федерација.

Фурер вчера беше итно пренесена во болница со сериозна повреда на главата и во „многу критична“ состојба.

„Муриел Фурер почина денеска во Универзитетската болница во Цирих“, се вели во соопштението во кое се додава дека е отворена истрага бидејќи било потребно време за да се пронајде повредената спортистка.

Точното место на несреќата не е прецизирано, но локалните медиуми јавуваат дека таа паднала на шумска патека во близина на езеро во Цирих и оти додека се возела трката врнело дожд.

27.09.2024 - 18:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа