ЦУК ги собра институциите за да најдат решение за паднатиот потпорен ѕид кај Детската клиника во Клиничкиот центар
Денеска, директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов одржа координативен состанок за проблемот со одронот и рушењето на потпорниот ѕид на улица „Белградска“ кај ЈЗУ УК Клиника за детски болести – Скопје, според налогот за вршење заеднички вонреден инспекциски надзор, со високи претставници на Државниот инспекторат за животна средина, Државниот инспекторат за енергетика, рударство и минерални суровини и со Државен инспекторат за градежништво и урбанизам. На координативниот состанок зедоа учество и претставници на одделението за инспекциски надѕор на ЦУК. Заедничкиот координативен состанок, согласно Законот за инспекциски надзор беше организиран по задолжение на Инспекцискиот совет, а во организација на ЦУК, според задолжувањето на субјектите да се спроведе заеднички вонреден инспекциски надѕор над наводите за загрозување по животот и здравјето на луѓето и по материјалните добра што се предизвикани од подземните води, одрон и рушење на потпорниот ѕид, како и отворени подземни кабли под напон под конкретната улица.
На координативниот состанок беа донесени неколку заклучока по коишто ќе постапуваат дел од присутните субјекти: да се провери состојбата и реализацијата на Решението издадено од градежниот инспекторат од Општина Центар; Државниот инспекторат за енергетика да ја провери и констатира опасноста од подземните кабли што се под напон, а сега се гледаат (во соработка со ЕВН) и одделението за инспекциски надѕор од ЦУК да оствари дополнителна средба со Државниот комунален инспекторат, бидејќи не беа присутни на состанокот, за да изврши координација на темата „одржување на постојниот канал со шахти што се руинирани и не се функционални, а истиот не е предмет на одржување на ЈП „Водовод и Канализација„ на Град Скопје.
Инаку, ваквите координативни состаноци во ЦУК за отстранување опасности се во прилог на праксата и превенцијата дека кога ќе седнат од повеќе институции на координативен состанок, како во случајов во ЦУК, решенијата ги опфаќаат повеќеслојните проблеми што и не се веднаш видливи, а формално и неформално од повеќе агли има можност за изнаоѓање конкретно решение за отстранување опасности од проблем „стар“ околу 50 години.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа