Почина Јован Кочанковски – еден од основачите на најстарото научно друштво во Македонија
На 93-годишна возраст во Битола почина м-р Јован Кочанковски, последниот жив сведок од групата битолски интелектуалци кои во 1960 година го формираа најстарото научно друштво во земјава, Македонско научно друштво-Битола.
До пензионирањето, Кочанковски вршел повеќе јавни функции, бил директор на Историски Архив-Битола, директор на ОУ „Тодор Ангелески“-Битола, додека во Друштвото за наука и уметност, подоцна МНД-Битола, бил потпреседател и член на управниот одбор и научниот Совет.
Кочанковски во 1968 и 1999 година е добитник на највисокото општинско признание, наградата „4 Ноември“, наградата „Климент Охридски“, „Орден на трудот“, а во 2020 година по повод 60 години од формирањето на друштвото, доби Кристална коцка на МНД-Битола.
Опелото и погребот на Кочанковски ќе се одржат утре на новите „Светоделски гробишта“ во Битола.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа