Евакуиран аеродромот во Сараево: Патник добил порака за поставена бомба

Меѓународниот аеродром во Сараево, поради анонимна дојава за подметнати експлозивни направи, „ги презеде сите неопходни мерки за да се осигура безбедноста на сите присутни на аеродромот“, соопштија од аеродромот.

Како што е наведено, преку е-маил адресата на меѓународниот аеродром во Сараево е добиена анонимна дојава за поставување експлозивни направи во реонот на аеродромот.

„Веднаш по добивањето на информацијата е активиран акциониот план во кризни ситуации. Сите надлежни служби на терен постапуваат согласно своите надлежности и се спроведуваат сите неопходни мерки предвидени со важечките безбедносни протоколи.

Меѓународниот аеродром во Сараево тесно соработува со надлежните безбедносни агенции и ги презема сите неопходни мерки за да се осигура безбедноста на сите присутни на аеродромот“, соопштија од аеродромот во Сараево.

23.09.2024 - 19:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега