Брза реакција на полицијата: Крадец уапсен веднаш по грабеж во аптека


Скопската полиција синоќа околу 22 часот го лишила од слобода Б.П.(30) од населба Илинден, Скопје, кој се сомничи дека околу 21.30 часот во аптека во населба Ново Лисиче со закана со пиштол кон вработените одзел пари од дневниот промет.

Како што информираат денеска од МВР, пиштолот бил пронајден и одземен, а биле пронајдени и парите и биле вратени на сопственикот. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

20.09.2024 - 11:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега