Ѓорѓиевски на средба со НДИ: Борбата против корупцијата е приоритет

 

Во просториите на Општина Кисела Вода, градоначалникот и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски денеска одржа состанок со претставници на НДИ, кои го раководат проектот за борба против корупција на локално ниво. 

Проектот е финансиран од Швајцарската амбасада и треба да трае осум години, а целта е изнаоѓање механизми со кои максимално ќе се намали корупцијата на локално ниво.

Ѓорѓиевски ги извести претставниците на НДИ за Меморандумот што пред еден месец го склучија ЗЕЛС и Владата, но и за систематизираните ставови кои се подготвуваат секоја година, а по консултација со членките и усвојување на седница на Управен одбор на ЗЕЛС, се доставуваат како најитни барања до Владата.

-Стана збор и за лошата состојба со финансиите со кои се соочува речиси секоја општина и нашите барања до Владата, тоа да се промени во позитивна смисла.
Претставниците на НДИ не известија дека поминала подготвителната фаза на нивниот проект и дека очекуваат во ноември да го потпишат договорот за почеток на реализацијата на проектот, кој треба да трае осум години. Известија дека по потпишување на нивниот договор со Швајцарската амбасада, сакаат да потпишат договор со ЗЕЛС, за соработка и за негова заедничка реализација, наведува Општина Кисела Вода.

19.09.2024 - 17:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега