ВМРО-ДПМНЕ: Екс министерот Николовски во кафеана изел 15.000 евра
Раскалашеноста е заштитен знак на СДСМ, а поранешниот мминистер за земјоделство, Љупчо Николовски за три ипол години колку што бил министер потрошил 976.199 денари во кафеани и ресторани, обвини денеска на прес конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.
„Кога 976.199 денари ќе ги поделиме на 42 месеци, доаѓаме до сума од 23.400 денари, пари, кои Дон Николовски ги трошел на кафеани. Ова го презентираме вака за и самиот Дон Николовски да сфати дека месечно во кафеани трошел по една плата, со која во државава живеат цели семејства“, рече Петрушевски.
Според него, првата година од своето министерување Николовски потрошил 294.780 денари народни пари на кафеани и ресторани, а последната, предизборната 2023 година 377.700 денари.
„На масата на Дон Николовски често се наоѓале јадења како телешки мускул, чаден лосос, ракчиња и разни морски плодови, а се пиеле и скапи вина како Алшар од по 3.500 денари шише. Дон Николовски се однесувал како Бисера Антоанета и без пардон трошел народни пари на кафански седенки, додека од друга страна лицемерно зборувале дека работат за народот. Ова е таа раскалашеност и лицемерие на СДС“, рече Петрушевски.
Тој најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да објавува податоци со што „целосно ќе го разоткриеме Дон Николовски и неговиот раскошен начин на живеење и патување“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа