(ВИДЕО) Ечат македонски песни низ улиците: Македонците во Италија го слават Македонскиот ден
Голем број Македонци од Италија и други европски држави се собраа во Понтенуре, каде во организација на здружението ,,Македонски корени“ се одржа Македонски ден, на кој беше презентиран македонскиот фолклор и песна. На истиот гости беа и градоначалниците на Босилово и Ново Село – Ристо Манчев и Ѓорѓе Божинов, како и претставник на општина Василево.
За прв пат во општина Понтенуре, Македонците добија советник во општинскиот совет, Елица Петрова по потекло од Мокриево. На оваа манифестација настапи КУД ,,Јане Сандански“ од Ново Село кои го презентираа македонскиот фолклор и песна.
Оваа манифестација за прв пат беше организирана минатата година во знак на пријателството меѓу збратимените општини Василево и Понтенуре од Р.Италија.
Идејата како што беше истакнато на средбата, е заедно општините со Здружението ,,Македонски корени”, да организираат една ваква манифестација каде заедно ќе ја слават традицијата , културата , фолклорот на двете збратимени општини, градејќи цврсти мостови на пријателство и соработка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа