Угина една од двете мечки во битолската зоолошка градина

Битолската зоолошка градина остана без една од двете кафеави европски мечки.

Како што велат од зоолошката градина станува збор за мечка која имала над 35 години и дека од обдукцијата било констатирано дека причина за смртта е старост, а не болест.

Во зоолошката градина има уште една мечка од истиот вид.

17.09.2024 - 23:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега