Израелска саботажа:Во ист момент експлодираа батериите на 2750 пејџери на Хезболах - 8 мртви над 1000 повредени
Повеќе од 2700 пејџери кои ги користеле милитантите на Хезболах во Либан почнале симултано да експлодираат при што 8 лица загинале а повеќе од 1000 милитанти се повредени меѓу кои 200 посериозно. Меѓу загинатите според првичните информации има и дете.
Меѓу повредените, според неофицијалните информации е иранскиот амбасадор во Бејрут.
Веста ја потврди иранската Влада и претставниците на Хезболах.
До овој момент се уште не се изнесуваат детали за нападот но сомневањата на Хазболах се дека станува збор за напад од страна на Израел. На пејџерите кои се користеле за комуникација во исто момент почнале да им експлодираат батериите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа