Утре ќе се разбудиме на - 5 степени

Времето во Македонија утре претпладне ќе биде сончево со умерена, а попладне со значителна локална облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Претпладне по одделни котлини ќе биде магливо, особено во Скопската каде маглата со променлив интензитет ќе се задржи во текот на целиот ден.

Утринската температура ќе се движи од минус пет до еден, а дневната од два до 11 степени.

Во Скопје слично време, со температура од минус четири до  три степени.

23.12.2013 - 16:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега