Крај на обилните врнежи - Циколонот „Борис“ го напушта регионот, се упати кон југозапад
ХунгароМет на својата Фејсбук страница напиша дека циклонот Борис, кој со денови беше над Унгарија, го напуштил регионот и се упатил кон југозапад.
Оттаму додаваат дека веќе не се очекуваат значителни врнежи.
Како што се наведува, најмногу врнежи имало во Австрија и Чешка, каде количината на дожд надминала 200 милиметри, но многу дожд наврнал и во Словачка и Хрватска.
Во Унгарија најмногу дожд наврна во околината на Сопрон и Мосонмаѓаровар, каде количината на врнежи надмина 100-150 милиметри.
Најмалку 17 лица загинаа во поплавите од Романија до Полска во последните неколку дена.
17.09.2024 - 11:17
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа