Сиљановска Давкова го комплетира Советот за безбедност: Именувани нови членови

 


Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, согласно своите уставни надлежности, за членови на Советот за безбедност ги именуваше Малинка Ристевска Јорданова - експерт за евроинтеграции, Џевдет Хајредини - поранешен министер за финансии и Владимир Спиридонов - експерт за климатски промени.

Со именувањето на тројцата членови од страна на претседателката Сиљановска Давкова, Советот за безбедност на Република Северна Македонија е во полн состав:

Претседател на Советот за безбедност е претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Членови на Советот за безбедност се:

·        Африм Гаши, претседател на Собранието,

·        Христијан Мицкоски, претседател на Владата,

·        Панче Тошковски, министер за внатрешни работи,

·        Владо Мисајловски, министер за одбрана,

·        Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија,

·        Џевдет Хајредини,

·        Малинка Ристевска Јорданова, и

·        Владимир Спиридонов.

16.09.2024 - 16:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега