Фатен крадец од Струмица кој бил баран со потерница, ги признал делата
Вчера во Радовиш полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишиле од слобода Б.А.(39) од Струмица.
Тој бил баран со потерница за доиздржување на затворска казна од 6 месеци, за сторени кривични дела „тешка кражба“.
Во службениот разговор извршен со него, Б.А. признал дека во јули и септември на подрачје на Радовиш извршил три кривични дела „тешка кражба“ и едно кривично дело „разбојничка кражба“.
Кај него биле пронајдени пари и предмети кои ги одзел при извршените кривични дела и ќе бидат вратени на сопствениците.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а лицето било предадено во Затвор Штип за доиздржување на затворската казна. По целосно документирање на случајот против Б.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа