20-годишен дилер на дрога падна во рацете на полицијата
Денеска во 14.30 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода М.Г.(20) од Прилеп.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, две дигитални ваги и предмети со остатоци од марихуана.
М.Г. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава.
13.09.2024 - 15:21
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа