МВР си ги прибира криминалците: Уапсена жена барана по потерница
Денеска (12.09.2024) полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје околу 09.30 часот во Скопје, на територија на општина Чаир, ја лишија од слобода О.К.(42) од Скопје, која била барана по централна потерница од МВР, по наредба од Основен кривичен суд Скопје за казна затвор во траење од две години, а во врска со чл.235 ст.1 во врска со чл.22 од КЗ за сторено кривично дело кражба.
Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.
12.09.2024 - 19:42
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа