ЕУ не попушта - продолжени индивидуалните санкции против Русија за шест месеци
Советот на ЕУ денеска одлучи да ги продолжи за уште шест месеци, до 15 март 2025 година, рестриктивните мерки против лицата кои ги смета за одговорни за поткопување или загрозување на територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина.
Како што се наведува во соопштението на Советот на ЕУ, постојните рестриктивни мерки предвидуваат ограничувања за патување за физички лица, замрзнување на имотот и забрана за ставање на располагање на средства или други економски ресурси на наведените физички и правни лица.
Санкциите ќе продолжат да се применуваат на повеќе од 2.200 лица и субјекти, се додава во соопштението.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа