Уапсен Македонец кој се сомничи за предизвикување на собраќајниот хорор во Србија

Во Србија уапсен е Македонец чиј идентитет засега не се отктива, а се сомничи дека е виновен за верижниот судир на 36 возила на автопатот Белград-Загреб. Македонскиот државјанин се товари за кривично дело загрозување на безбедноста во сообраќајот.

Во страшната несреќа меѓу повредените имало и македонска државјанка која била задржана во Ургентниот центар во Белград. Жената имала тешки повреди на пршлените и на колковите, а покрај неа со полесни повреди се здобил и уште еден државјанин од Македонија.

 

Меѓу повредените има и деца, а тројца се во критична состојба. Вчера се случија два верижни судира во кои учествуваа 36 возила од Германија, Швајцарија, Македонија и Бугарија. 

23.12.2013 - 14:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега