(ФОТО) Падна снег во дел од Германија

 


Голема промена на времето и заладување зафати дел од Европа и регионот.

Во дел од Германија веќе падна снег и ги изненади мештаните по топлите денови.

Зугшпице, највисокиот германски врв на 2.962 метри надморска височина, осамна покриен со снег. Од топлите летни денови, планинскиот врв за само пет дена се претвори во вистинска зимска идила, пренесе Телеграф.рс.

Во последните 48 часа на Цугшпице, кој се наоѓа јужно од градот Гармиш-Партенкирхен, наврнале 13 сантиметри снег, а денеска наврнале дополнителни 22 сантиметри.

Според прогнозата утре се очекуваат уште 38, додека на 14 септември снежната покривка ќе биде подебела за 29 сантиметри.
Сите ски-лифтови и патеки во моментов се затворени.

„Па, ова брзо ескалираше. Од летни горештини до зима за пет дена. Не заборавајте дека скијачката сезона започнува на 29 ноември 2024 година“, напишаа на официјалната веб-страница на Цугшпице.

Во наредните денови драстичен пад на температурата се очекува и во Србија.

12.09.2024 - 12:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега