Кисела Вода: Двајца малолетници си играле со оружје - едниот завршил во болница

 

Во вторникот во 16.17 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреда бил донесен малолетник од Скопје.

Според пријавеното, тој се здобил со повредата околу 15.00 часот во неговиот дом на подрачјето на Кисела Вода, додека со негов малолетен другар биле во домот, а другарот случајно испукал од воздушен пиштол и го погодил.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

12.09.2024 - 08:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега