ВИДЕО: Докторката на Сител објасни колку се штетни електронските цигари

 

Во емисијата „Добриот доктор“ на Сител, универзитетскиот професор доктор Марија Јовановски Срцева се осврна на последиците врз здравјето на т.н. “вејп”, но и електронските цигари кои се популарни кај тинејџерите и адолесцентите.

Јовановски Срцева, специјалист анестезиолог на КАРИЛ, оддел за анестезија и реанимација во васкуларната хирургија која е вонреден професор на Медицинскиот факултет во Скопје и директор на Клиниката ТОАРИЛУЦ ја посочи последната британската студија која е објавена во 2022 година, што покажува дека над 40 отсто  од непушачите почнале да користат “вајп” од кога се појавиле на пазарот електронските цигари.

-Електронските цигари и т.н. “вајп” ниту се преодно решение ниту се алтернатива за откажување од цигарите, заклучи д-р Срцева.

Таа во своето гостување посочи за штетноста за никотинските производи, кои предизвикуваат разни видови заболувања кои предизвикуваат карцином на белиот дроб, кардиобаскуларните и други заболувања.

Додека за електронските цигари постојат само 2500 студии кои се објавени и се базираат на поединечни случаи или неколку случаи заедно.

-Студиите се во мал број, но насочени се на тоа што предизвикуваат на белите дробови. Постои дијагноза која се вика “евали” која првпат е поставена во 2022 година и студиите се сконцентрирани на белиот дроб.
Ова не претставува несакан ефект од нивната употреба, туку е акутно белодробно заболување со долгогодишни последици,  појасни д-р Срцева во однос на дијагнозата.

Исто така таа потсети дека секоја година Светската здравствена организација дава препораки за штетноста, а оваа година беше фокус на заштита на младите од тутунската индустрија и од модерните хибридни цигари,за таа цел беше изготвена брошура која сметам дека треба да се прошири, односно да се сподели во училиштата.

-Сметам дека на државно ниво, треба да се отвори една широка дебата и анализа за недостатоците и штетноста на овие супстанции и да се преземат мерки во однос на правната регулатива во делот на ограничувањето, заклучи таа.

Целото нејзино гостување, погледнете го во видеото во продолжение

 

10.09.2024 - 09:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега